ЏАФЕРИ-БРНЗ: Се прават сите можни напори да се заокружи процесот на ратификација на Протоколот за членство во Алијансата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актуелната политичка ситуација во земјава и планираната динамика на работата на Парламентот во периодот до распишувањето на претстојните предвремени парламентарни избори биле теми на денешната средба на претседателот на Собранието Талат Џафери и амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мери Брнс.

– На средбата беше потенцирана потребата од имање законски и фер изборен процес, со кој и понатаму ќе се потврди и зацврсти демократскиот капацитет на државата, соопшти Кабинетот на Џафери.

Во однос на НАТО, американската амбасадорка, како што посочува Кабинетот, потврдила дека се прават сите можни напори да се заокружи процесот на ратификација на Протоколот за членство во Алијансата за да бидеме 30-та полноправна членка.

– Претседателот Џафери на тоа потенцираше дека нашата земја останува доследен стратешки партнер на САД, се наведува во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This