Џафери закажа седница за гласање доверба на Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Собранието, Талат Џафери закажа седница за гласање за доверба на Владата на нашата земја, за во четврток 11.11.2021, во 11.00 часот, информираа надлежните.

„Информираме дека во Собранието на Република Македонија е доставено Барање за гласање за доверба на Владата на Република Македонија и истата е архивирана од надлежните служби. Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, согласно член 215 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, ќе ја свика седницата за поставеното барање за гласање за доверба на Влада, а истата ќе се одржи на третиот ден од денот на поставување на прашањето за доверба на Владата, односно во четврток (11.11.2021), во 11.00 часот, Според член 215 став 3 од Деловникот на Собранието, рокот за свикување на седница почнува да тече наредниот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба на Владата. За сите чекори и процедури, како и досега, претставниците на медиумите ќе бидат информирани преку надлежните служби во Собранието“-се вели во соопштението до медиумите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This