Џафери свика вонредна координација за формирање на телото за помирување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Талат Џафери денеска ќе одржи координација со потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи и претставниците на политичките партии што не се организирани во пратенички групи. Единствена точка на дневен ред е формирањето интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција, на барање на новата пратеничка група независна од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Координацијата требаше да се одржи вчера но на состанокот кај Џафери не присуствуваа подносителите на иницијативата, поради обврски поврзани со посетата на претседателот на австрискиот Национален совет на Австрија, Волфганг Соботка, кој вчера се обрати пред пратениците во Собранието.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повторија ставот да нема да учествуваат во работата на ова тело, а како причина сега го наведуваат изборот на Џафери да раководи со него. Од партијата сепак остваат можност дека ќе ги почитуваат одлуките на телото ако се во насока на неселективно помирување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This