Џафери: Техничката влада може да ја избереме и на 3 јануари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако оди се како што е договорено и се одржат предвремени парламентарни избори на 12 април, Парламентот ќе се распушти на 12 февруари, а бидејќи се однапред ќе се знае и ќе биде договорено, како што вели во интервју за МИА претседателот на Собранието Талат Џафери, техничката Влада може да биде избрана истиот ден кога ќе биде констатирана и оставката на актуелниот премиер.

Тоа, како што додава тој, би можело да биде и на 3 јануари 2020 година, а од 4 јануари новата преодна влада да започне да функционира. -Формално бидејќи тоа е работа која што е прифатена од сите, не е спорно тоа да се случи на самиот ден 3 јануари, за да може во текот на денот да се спроведуваат сите постапки во однос на седниците кои треба да се одржат тој ден затоа што процедурите соодветно предвидуваат оставка на премиерот, констатирање на оставката на премиерот, известување до претседателот дека Владата е во оставка, според законот за Влада треба да се определи нов мандатар, да добие мандат, па тој мандатар да даде предлог за министер за внатрешни работи и за труд и социјална политика, за тројцата заменици министри во МВР, во труд и во земјоделие, за да може да се свика седница за нивен избор и со тоа фактички до 24 часот на 3 јануари да се заокружи таа седница и од 4 јануари веќе да функционира техничка влада, посочува Џафери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This