ЏАФЕРИ ЈА ЗАКАЖА РАСПРАВАТА ЗА УСТАВНИ ПРОМЕНА ЗА ВО ПЕТОК: Ќе се гласа ли задутре за промена на Уставот?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Собранието, Талат Џафери го закажа продолжението на пленарната расправа за уставните измени в петок, а за утре закажа друга седница.

Од парламентарното мнозинство велат дека има многу важни закони што треба да бидат донесени, како што е законот за стечај, и кои треба да бидат разгледани на утрешната собраниска седница. Според најавите, во петок се очекува да се пристапи кон гласање на владиниот предлог за пристапување кон измени на Уставот. Претходно, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се откажа од правото на дискусија и повикаа на гласање по предлогот на Владата за уставни измени.

Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ и од коалицијата „За подобра Македонија“ соопштија дека се откажуваат од дебатата, нарекувајќи ја јалова, како и дека ќе гласаат против уставните измени. Воедно ги повикаа пратениците од владејачкото мнозинство да се откажат од настапите и да се пристапи кон гласање по владиниот предлог за измени на Уставот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This