Џенифер Анистон во ново интервју за „InStyle “, признава дека ги прекинала односите со неколку луѓе од нејзиното опкружување поради нивниот став околу Ковид 19 и вакцините.
Само што изгубив неколку луѓе во мојата неделна рутина, кои одбиле или не откриваат (дали се вакцинирани или не), и тоа беше жално… Сметам дека е ваша морална и професионална обврска да кажете, бидејќи не се тестираме сите секој ден. Незгодно е затоа што секој има право на свое мислење – но многу мислења не се засноваат на ништо, освен страв или пропаганда. Затоа со причина се ослободив од неколку пријатели“, откри Џенифер.