Владата одржува седница, можно воведување анти – KoBид мерки во цела Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Забрана за свадби, прослави и за одржување масовни настани на затворено во сите градови во државата, предлага Комисијата за заразни болести. Комисијата смета дека угостителските објекти во затворениот дел треба да работат со максимум 30 проценти од капацитетот, а на иста маса во кафеана да може да седат само четири лица. Од кабинетот на министерот за здравство Венко Филипче потврдуваат дека утринското соопштение не се однесувало само за предлог – мерки за тетовскиот регион како што беше напишано, туку за целата земја.

Инаку, поводот Комисијата за заразни болести да предложи враќање на дел од рестриктивните мерки е порастот на бројот на новозаразени од коронавирусот особено во последните денови, кој е најизразен во тетовскиот регион, потоа во гостиварскиот регион, но и во Скопје.

Токму во тетовско – гостиварскиот дел е најмал процентот на вакцинирано население, што заедно со неносењето на маски и непочитување на другите превентивни мерки, погодува на ширење на делта сојот на коронавирусот, кој е неколкукратно позаразен од изворниот вирус.

За разлика од минатиот месец, кога бројките на новозаразени беа драстично намалени, а во многу градови веќе немаше активни случаи на болеста, деновиве повторно се бележат троцифрени бројки на позитивни лица на вирусот.

Latest News

55club – Your Ultimate Betting Partner

Are you tired of constantly searching for the best betting tips and odds? Look no further, because 55club is...

More Articles Like This