Џен Псаки – нова портпаролка на Белата куќа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Избраниот претседател Џо Бајден денес се очекува да добие пристап до првиот извештај од разузнавачката заедница, во однос на прашањата поврзани со националната безбедност, подготвувајќи се да ја презеде функцијата во јануари.

Бајден и избраната потпретседателка Камала Харис, исто така, најрано денес, се очекува да ги именуваат избраните лица за економски позиции во нивната администрација.

Повеќе медиуми објавија дека Нира Танден е изборот да ја води Канцеларијата за буџет на Белата куќа, додека Сесилија Рус да биде претседавачка со Советот за економски советнци. Бајден веќе ја именуваше поранешната директорка на Федералните резерви Џенет Јелен за секретарка за финансии.

Вчера, Бајден и Харис го најавија тимот за комуникации составен од жени. Кејт Бедингфилд ќе биде директорка за комуникации на Белата куќа, додека Џен Псаки ќе биде портпаролка на Белата куќа.

Бајден додега именуваше лица на бројни позиции во неговата администрација, меѓу кои за тимот за национална безбедност, државен секретар и секретар за финансии.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This