ЏОЛЕВ ЌЕ ОДГОВАРА KPИВИЧНО: На cyдијата пopотник кој беше дел од „ТНТ“ му заврши мандатот , пpecтанокот со решение мора да се констатира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Согласно член 80 став 1 точка 5 од Законот за судовите е предвидено дека на судија поротник му престанува функцијата со навршување на 60 години старост. Согласно член 53 став 2 од Законот за Судскиот совет на Република С Македонија е предвидено дека Советот престанокот со решение го констатира на првата наредна седницa.

 

Според „Службен весник“, судијата поротничка Лилјана Ивановска-Кочковска е избрана на седница на Судскиот совет одржана на 24.12.2015, а нејзиниот мандат е во траење од четири години. Од денес Ивановска-Кочковска повеќе нема да има мандат како судија поротник во предметот ТНТ, а поради навршување 60 години, нема да може да биде избрана повторно за судија поротник.

Ова е еден од предметите пред Кривичниот суд кои немаат резервни поротници, што значи дека денешното рочиште беше последно за судот да изрече пресуда, во спротивно предметот ќе мора да започне од почеток. Последното рочиштето поради физички напад врз еден од обвинетите се одложи за наредната година.

Судија Огнен Ставрев по секоја цена се обидуваше набрзина да го затвори случај пред Нова година, но не успеа во својата намера. Денеска братенителот на обвинетиот Тони Трајковски, Јовица Страшевски  по истекот на мандатот на судијата портоник до претседателот на Основниот кривичен суд во Скопје и претседателот и членовите на Републичкиот судски совет на Република Македонија достави поднесок со кој се бара да се утврди завршувањето на мандатот од страна на Судскиот совет.

 

Доколку тоа не се случи според Страшевски ќе има несогледливи последици во однос на легалноста и законитоста на судската постапка за предметот „ТНТ“. Доколку  Лилјана Ивановска-Кочковска и натаму е дел од предметот, таа кривично ќе одговара, а кривично ќе одговара и преседателот на Основниот кривичен суд, Иван Џолев.

 

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This