Џо Бајден избpa држaвен сeкретар, се работи за познат дипломат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден ќе го назначи за државен секретар искусниот дипломат Ентони Блинкен, кој исто така беше заменик советник за национална безбедност во администрацијата на Барак Обама, објави во понеделникот преодниот тим на Бајден и откри некои други клучни позиции во надворешната политика.

Поранешниот државен секретар Џон Кери ќе биде специјален пратеник на претседателот за климатски прашања и исто така ќе заседава во Советот за национална безбедност. Бајден има намера повторно да се приклучи на Парискиот договор за климатски промени.

Линда Томас-Гринфилд ќе биде назначена за амбасадор во Обединетите нации, а Аврил Хаинс треба да стане директор на националната разузнавачка служба, а со тоа и прва жена на таа функција.

Алехандро Мајоркас ќе биде назначен за шеф на Министерството за домашна безбедност. Тој ќе биде првата личност со латино потекло што ќе ја извршува оваа позиција, надгледувајќи ги клучните агенции за спроведување на законот и имиграцијата. Џејк Саливан ќе биде советник за национална безбедност, соопшти преодниот тим на Бајден. Сите позиции на владино ниво мора да бидат одобрени од Сенатот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This