,,ЏУДИШАЛ ВОЧ“ ОТКРИВА: САД им давал милиони долари на групите поврзани со Сорос со цел да се дестабилизира конзервативната влада во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската влада тивко трошела милиони долари од даноците на своите граѓани со цел да се дестабилизира демократски избраната Влада ориентирана кон десен центар во Македонија преку соработка со левичарскиот милијардер ЏорџСорос, покажаа извештаите добиени од „Џудишал Воч“.

watch-640x331

Американскиот амбасадор во Македонија, назначен од БаракОбама, Џес Бејли, работел позади сцената со фондацијата на Сорос „Отворено општество“ за да префрла големи суми на американски долари за таа цел. Што претставува дека вмешаноста на американскиот амбасадор во Македонија во домашните политички работи, се коси со Виенската конвенција за дипломатски односи.

Парите доаѓаа преку Стејт департментот и корумпираната американска агенција за помош УСАИД, која се занимава со спроведување на глобален економски развој и хуманитарна помош. Документите покажаа дека УСАИД префрлила околу 5 милиони на групи поврзани со Сорос во Македонија уште од 2012 година и околу 9,5 милиони долари биле вклучени од агенцијата за да се интервенира во владините работи од 2011 до 2016. Бројките од Стејт департементот биле тешки за добивање и поради тоа „ЏудишалВоч“ испратиле барање преку законот за слобода за информации за да ги добијат бројките. „ЏудишалВоч“ исто така испратија барање до УСАИД бидејќи прелиминарните бројки добиени преку различни извори од САД и Македонија не биле целосни.

Еве како тајната операција функционира според високи избори во Макединија и САД, кои ги предале извештаите на „ЏудишалВоч“ како дел од истрага која трае. Фондацијата „Отворено општество“ финансирала 10-ци левичарски невладини организации во Македонија со цел да се направи преврат на власта. Еден македонски функционер кој направи интервју со „ЏудишалВоч“ во Вашингтон ги нарекува „војската на Сорос“.

-Овие групи организираат младински движења, создаваат медиуми и организираат насилни протести со цел да се поткопаат институциите и политиките на владата. Една од овие групи на Сорос ја преведе публикацијата на СаулАлински „Правила за радикалите“ на македонски. Книгата е прирачник за пресврт и дава совети за радикални улични протести и наведува дека Луцифер бил првиот радикал. Благодарение на амбасадорот поставен од Обама, кој не беше заменет од администрацијата на Трамп. Чичко Сем се уште испраќа финансии за групите да продолжат да оперираат и регрутираат, велат извори во Македонија, а САД потврдува, пишува „Џудишал Воч“

Со популација од 2 милиони, Македонија има една од поконзервативните влади во Европа. Ова го вклучува најнискиот рамен данок во Европа, блиски односи со Израел и вклучува политика која го осудува абортусот. Земјата изгради и ограда со цел да се справи со илегалната имиграција која направи проблеми за безбедносните служби. Во екот на европската бегалска криза помеѓу 10,000 и 12,000 илегални имигранти ја поминуваа границата меѓу Грција и Македонија на ден, и влијанието беше значително,изјави функционер на Македонија за „Џудишал Воч“.

Ова веројатно оди во прилог на Сорос, кој е познат по политиките на отворени граници кој турка кон меѓународно владеење, намалување на глобалната моќ на САД и зголемување на муслиманска имиграција.

Сорос потроши 10-ци милиони долари за да ја поддржи претседателската кампања на ХилариКлинтон. Минатиот месец унгарскиот премиер изрази револт кон Сорос бидејќи финансирал групи со цел тајно да влијаат на политиката во земјата. Како што изјави Виктор Орбанво неговото годишно обраќање: Големи предатори пливаат во овие води“. „Ова е транс-граничната империја на ЏорџСорос, со големи суми на пари и меѓународна тешка артилерија“. Ова изгледа дека е случајот во Македонија со помош од американски финансии. Во изминатите месеци, имаше голем број на насилни протести координирани од фондацијата „Отворено општество“ на ЏорџСорос и преку невладини организации финансирани од САД, велат извори за „ЏудишалВоч“.

Одредени членови на Конгресот изразија интерес на ова прашање и побараа одговор од Амбасадорот ЏесБејли, УСАИД и Стејт департментот. Стејт департментот не одговори, а УСАИД исто така. Минатиот месец, Сенаторот од Јута, Мајк Ли испрати писмо до ЏесБејли со барање да му одговори на прашањата кои ја вклучуваат вмешаноста на мисијата на САД во Македонија во политичкиот процес како и поврзаноста со фондацијата „Отворено општество“. Американците веројатно нема да добијат одговор, поради тоа што Бејли веројатно нема да ја врши веќе функцијата. Но, фактот останува дека милиони американски долари биле испратени и дека владините агенции треба да одговараат за стореното.

„Џудишал Воч“ е најреномираната правна организација во САД, која што во своите редови има најдобри правници и експерти.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This