10 МЕСТА ВО СВЕТОТ: Таму се населени најинтелигентните луѓе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комбинирајќи ги резултатите од тестовите за интелигенција во повеќето земји во светот, оценките на студентите од математичките испити и од статистиката за високото образование, „Gazette Review“ го направи списокот на 10-те најинтелигентни држави во светот.

10. Шведска
Просечното IQ во Шведска е 101. Оваа земја има добар образовен систем каде повеќето трошоци ги покрива државата. Не е изненадувачки што факултетите се достапни за повеќето и дека голем процент од населението е високо образовано. Покрај тоа, Шведска е втора земја во светот по користењето на компјутери на работното место. Со нив се служат дури 75 проценти од вработените Швеѓани за време на нивната работа.

9. Австрија
Просечното IQ во Австрија е 102, исто како во Германија и Италија, кои се на 8-то и 7-то место на списокот на најинтелигентните нации. Австрија има еден од најдобрите образовни системи во светот, и тие се горди на фактот дека имаат најголем број на докторски титули кај работната сила во земјата во споредба со остатокот од светот. Од 1.000 жители, дури 7 жени и 9 мажи се докторат.

8. Германија
Германија историски има голем број на филозофи, научници и уметници, па затоа не изненадува фактот што голем број на граѓани завршуваат колеџи на овие полиња. Универзитетите за технологија се исто така многу популарни.

7. Италија
Италија е земја со некои од најголемите скулптори, сликари, писатели и поети на сите времиња. Сепак, многумина забораваат дека тоа е дом и на големи иноватори во науката и технологијата. Ова го потврдуваат статистиките со натпросечни дипломи по математика, физика и други природни науки. Просечното IQ во Италија е 102.

6. Холандија
Просечното IQ во Холандија е 103. Оваа земја има многу добар образовен систем за деца, со деветто место на најдобри оценки во светот кога станува збор за тест по математика. Во последниот сегмент Финска е најдобра, земја која има најдобар образовен систем од сите земји, но во исто време, таа е само 28-та во однос на стандардизираните тестови за интелигенција.

5. Сингапур
На врвот на списокот на најинтелигентните нации „го држат“ азиските нации. Просечното IQ на Сингапур е 103, а овој островски град-држава исто така може да се пофали со одличен систем на образование каде што оваа богата земја инвестира многу пари. Повеќето средства се инвестираат во „исплатливи“ индустрии како што се технологија и финансии.

4. Тајван
Просечното IQ во Тајван е 104. Населението во оваа земја зборува кинески и англиски со што си отвораат можности за деловна соработка со остатокот од светот. Децата се едуцираат во јавните училишта и се сметаат за исклучителни професионалци во областа на технологијата.

3. Јапонија
Јапонија е позната по исклучително ригорозниот образовен систем, кој бара од учениците да посветат поголем дел од своето време на учење и на нивните училишни одговорности. Дури 99% од населението е писмено. Универзитетот во Токио се смета за најдобар во Азија, а Јапонија е еден од светските лидери во областа на научните истражувања. Просечното IQ во Јапонија е 105.

2. Јужна Кореја
Блумберг Медиа ја прогласи Јужна Кореја за најиновативна земја во светот. Студентите имаат трето место во најдобри резултати на математички тестови и трошат многу пари за истражување и развој на нови идеи. Јужна Кореја има и најбрза и најсигурна интернет врска што ја докажува нивната конкурентност во нивната желба да бидат „број 1“ во технологијата. Бараните испити и конкурентскиот дух, за жал, исто така резултираа со многу висока стапка на самоубиство кај студентите. Просечното IQ во Јужна Кореја е 106.

1. Хонг Конг
Повеќето луѓе со највисок степен на интелигенција во светот живеат во оваа специјална административна област на Кина, со просек дури 107. Студентите во Хонг Конг ги оценуваат како најдобри во математичките и другите тестови, и го имаат вториот најдобар образовен систем по Финска. Студентите се исклучително амбициозни, па затоа се запишуваат во вон-наставни активности за да ги зголемат шансите за добивање работа од соништата во својата иднина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This