10 мaтични бpoеви кој ќе глаcaaт за Шилегов или ќе лeтaш од работа: Еве со какви притиcoци се cooчува администрацијата во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По поразот кој го доживеа власта на СДСМ на локалните избори минатата недела, деновиве ескалираат притисоците врз јавната администрација со цел на мускули да се избоксува победа на Петре Шилегов во Скопје и останатите кандидати за градоначалници од СДСМ.

СДСМ е во паника откако загуби 100 илјади гласови од претходните избори и по секоја цена и на секаков начин се обидува да го зголеми своето изброно конто на 31 октомври.

Пред малку редакцијата на Инфомакс доби повик од граѓанин кој замоли да остане анонимен поради огромниот притосок кој лично тој и неговата фамилија го имаат пред гласањето во недела.

Според неговото сведоштво во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Скопје од вработените во администрацијата се бараат по десет матични броеви кои на 31 октомри гласот ќе го дадат за Шилегов во спротива ќе бидат избркани и ќе останат без работа.

-Раководителот ме викна во канцеларија и ми кажа како знаеш и умееш да најдеш десет матични броеви кои во недела ќе гласат за Петре Шилегов инаку ќе останеш без работа, вели нашиот читател кој замоли да остане анонимен.

Случајот во ПИОМ не е изолиран, Инфомакс дознава дека целата администрација сместена во Скопје е претворена во партиска испостава на СДСМ, а притисоци се вршат и во други јавни претпријатија.

Партиските војници кои се вработени во администрацијата отворено агитираат, а раководителите им се закануваат на вработените.

Сепак никој не знае што ќе заокружите зад параванот, излезете и гласајте ова е единствениот пат до слободота.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This