100 милиони дози вакцини против Ковид-19 досега се дадени во Италија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италијанската Влада најави нови успеси во кампањата за вакцинација на населението против Ковид-19, откако бројот на инјектирани дози вакцини вчера надмина 100 милиони.

Генералот Франческо Паоло Фиглиуоло, задолжен за дистрибуција на вакцината, постигнувањето го оцени како „одличен резултат”.

Според пресметките на независната фондација Гимбе, приближно 80,1 отсто од Италијанците досега се барем еднаш вакцинирани, додека 77,3 отсто се ревакцинирани. Дополнителна (бустер) доза од вакцината примиле и околу 16,2 отсто од граѓаните.

Меѓу Италијанците постари од 12 години, речиси 88 отсто примиле најмалку една доза од вакцината против Ковид-19.

Владата, исто така, најави дека во следните неколку недели на 25 милиони Италијанците ќе им станат достапни уште вакцини.

Од 16 декември треба да почне и вакцинирањето на децата на возраст од 5 до 12 години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This