100 ТЕНДЕРИ ЗА 100% ИЗЛЕЗНОСТ: Пуцко Петрол му вети 100% излезност за референдумот на шефот од ДУИ Али Ахмети

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На вчерашниот митинг како дел од кампањата за успешен референдум кој ДУИ го одржа во Општина Пласница, се обрати и градоначалникот Исмаил Јахоски, познат како г-дин тендер.


Јахоски од говорницата по обраќањето на претседателот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека Општина Пласница за претстојниот референдум ќе е единственат општина во Македонија во која ќе има 100 отсто излезеност.

Но кој е Јахоски, во чија општина за последните локални избори во 2017 година имаше “скромна” излезеснот на населението од само 45%?

Фирмата “Пуцко Петрол” e една од низата во сопственост на градоначалникот на ДУИ во Пласница, Исмаил Јахоски со неа влезе во нов бизнис со државата.

По тендерот од 15 милиони евра за набавка на гориво за автобусите на ЈСП Скопје, “Пуцко Петрол” склучи нов договор со Службата за општи и заеднички работи при владата со што семејната фирма на Јахоски потпиша договор од 3 милиони денари или 50 илјади евра за набавка на екстра лесно масло за греење за претстојната и идната грејна сезона.

Договор помеѓу “Пуцко – Петрол” и Влада опфаќа низа објекти за кои Јахоски ќе се грижи во иднина, а гласи дека:

“Продавачот е должен да го испорачува предметот на договорот до резервоарите на чување не екстра лесно масло за домаќинства во објектите на Вила Дојран, Комплекс Вили Охрид, Вила Попова Шапка, Вила 2 Скопје, Вила 3 Скопје и Клубот на Републички органи – Скопје.”

Оссвен овие два тендери, “Пуцко – Петрол” претходно го доби и тендерот за набавка на гориво за службените возила во Министерството за правда вреден 34 илјади евра.

Преку архивата на Бирото за јавни набавки може да се увиди дека во првите шест месеци од годинава, фирмата “Пуцко – Петрол” активно учествува и победува на тендерите за набавка на институции со горива и масло за греење на домаќинства.

Меѓу поголемите јавни набавки во “партиската биогaрфија” на фирмата на градоначалникот на Пласница е набавката на горива и масло за греење од 150 илјади евра за Охридската болница и масло за греење за болницата во Струга во вредност од 100 илјади евра.

На листата на институции на кои “Пуцко – Петрол” годинава им продал услуги се и општина Студеничани, Агенцијата за храна и ветеринарство, општина Сарај, како и за Управата за јавни приходи.

Едноставниот збир на јавно достапните информации на Бирото за јавни набваки покажува дека “Пуцко – Петрол” за зделки од првата половина од годинава, од државата ќе инкасира фантастични 16 и пол милиони евра се вели во анализата на Алсат-М.тв

*Исмаил Јахоски е актуелен градоначалник на општина Пласница, и тоа во петти (5) мандати.
Јахоски има завршено средно економско училиште. Работел во земјоделска задруга, а од 1988 година во приватна фирма.

Од 1993 година основал сопствена претпријатие “Пуцко – Петрол” кое располага со повеќе бензински пумпи и се занимава со промет на нафтени деривати, градежни материјали и други дејности. Во него има повеќе од 100 вработени.

На локалните избори во 1996 година првпат бил избран за градоначалник на Општина Пласница, повторно го добил градоначалничкиот мандат во 2000 година, по третпат станал градоначалник во 2009 година, а по четврипат во 2013 година.

Зависно од изборната година Јахоски бил кандидат од СДСМ или ДУИ.

На локалните избори кои се одржаа на 15 октомври 2017 година петтипат бил избран за градоначалник на Општина Пласница.

Извор
Магазин.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This