116 СЕДНИЦА: Усвоени повеќе закони во Собранието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во рамки на 116. седница Собранието расправаше по повеќе закони, при што пратениците го усвоија Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор.

Во прво читање не беше усвоен Предлог на закон за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, предложен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

На расправата за Предлог на закон за изменување на Законот за вработените во јавниот сектор, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев обвини дека власта во ноември и декември минатата година распишала 4.500 нови работни места.

– Во ситуација кога во Македонија има вработени во јавниот сектор како никогаш досега и кога нивниот број наближува до 150.000. На сето ова власта распишува 4.500 вработувања кои треба да бидат пополнети од кадровските листи на СДСМ од нивните општински организации – изјави Ѓорчев.
Тој излезе и со податок дека во 2002 година во Собранието имало 200 вработени од административните служби, а сега има меѓу 400 и 450. На тоа спикерот Талат Џафери одговори оти тоа тврдење не е точно и дека тој Собранието го наследил со 249 вработени, а оти сега нивниот број е 278.

Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања и за измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците од опозицијата бараат да се врати претходното законско решение со кое се вршело два пати годишно усгогласување на пензиите со трошоците на живот и со растот на платите. На тоа опозицијата одговори дека ВМРО-ДПМНЕ кога биле на власт вршеле усогласување само пред одржување на избори, и оти сега пензионерите ќе имаат најголемо покачување досега.

Собранието ја продолжи работата со 126. седница, на која на дневен ред се повеќе закони.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This