12 лицa нe гo пoчитyвaлe пoлициcкиoт чac, 408 kaзни зa нeнoceњe мacкa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од вчера (10.03.2021) во 22 часот почна да се применува одлуката на Владата за ограничување на движењето на граѓаните во периодот до 05 часот наутро.

– Синоќа дел од раководството на МВР, предводено од министерот Оливер Спасовски направи увид во спроведувањето на ограничувањето на движење во Скопје, Тетово, Куманово, Велес и други градови. Преземени се сите потребни активности контролата на ограничувањето на движењето да се спроведе согласно одлуката на Владата, информира МВР.

Од 22 часот (10.03.2021) до 05 часот (11.03.2021) констатирано е дека 12 лица не ја почитувале забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие пак (10/11.03.2021) по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 408 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This