150.000 АЛБАНЦИ ГЛАСААТ ВО ТРИ ДРЖАВИ: Платформа за поделба на Македонија и 150.000 албанци кои добија државјанства од Црвенковски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

150-200 илјади албанци имаат државјанство од 3 држави и учествуваат на изборите во сите три

eftov

„1994 година бев во општинска пописна комисија во Гази Баба и точно се сеќавам некаде во Јуни месец имаше огромен застој на пописот. Дали ќе биде или не. Тогаш јас знам дека се 118.000, може и 150.000 да се после накнадно, затоа што се отворија канцеларии за издавање на државјанства во „Скопска Црна Гора“ – горе во селата за 10 или за 20 души луѓе одеа да им даваат државјанства“, објаснува Исмаил Бојда – Претседател на здружението на Горани, тој продолжува: „ Овдека им ги делеа преку ноќ државјанствата за да успее пописот и тогаш се формира процентот на албанците, значи почнавме да работиме на процентот колку се албанци“, заклучува Бојда во анализата во емисијата на новинарот и политички аналитичар Васко Ефтов „Во центар“ од недела вечер.

Политичкиот аналитичар, Насер Зибери, на прашањето од страна на Васко Ефтов : Што се тие 150.000 државјанства. Фама која се подгрева пред сите избори или реалност во рамки на Р.Македонија ? Одговара : „ Сигурно 150.000 граѓани по потекло надвор од Македонија го оставиле правото да имаат државјанство на Р.Македонија низ еден процес и постапка предвидена со закон низ овие 10-15-20 години и тоа е сосема разбирливо.“

 

„Суштината на се ова што се случува е малце по длабока. На територијата на Балканскиот полуостров постојат некаде помеѓу 150 и 200 илјади албанци кои имаат државјанства во најмалку 3 Балкански држави, тоа е Р.Албанија, Р.Косово и тоа е Р.Македонија. Тие 150-200 илјади албанци кои имаат државјанства во 3 држави учествуваат на изборите во сите тие три држави. Дел од тие луѓе гласаа на изборите на 11 Декември, најголем дел од нив гласаа за партијата на Зоран Заев.“, обелоденува Ефтов.„2001 година кога беше војната албанците од Арачиново одеа да се попишуваат во Албанија или одеа со карвани со конвои од Арачиново од другиот дел со автобуси на граница на Блаце. И тие кога се вратија се вратија без обележја, само ги пуштаа камионите на граница назад во Скопје. “ Открива Бојда.

На прашањето за 150-200 илјади албанци што се попишуваат во три држави, Бојда е дециден :„Мислам дека треба да ви биде јасно, ниту во Косово има извршен регуларен попис, ниту во Р.Македонија и во Косово ќе почне пописот и после се бојкотира, го бојкотираат тие самите во Косово, затоа што се кажуваат дека се 2 милиони, а да се избројат немаат 2 милиони сами да ги бориш еден по еден.И сега стравуваат од пописот затоа што имаме граници затворени, тогаш немавме граници идивме со лични карти. Јас да речеме бев одговорен за Дижонска ( улица во скопски Чаир ).

На една адреса таму, во општинската пописна комисија се попишаа 17, а дома само 4 и сега тие што дојдоа да ги попишуваат им викаат : „ Ја ту ми је дете, на работа, на ова на она“. А дома кога дојдоа пописивачите само 4, значи нешто им беше наговестено дека треба да се пребројуваат и ние тоа им го дозволивме.“

Цврст доказ кој говори дека албанците се под 20% е и сведоштвото на Златко Кесковски, бивш шеф на обезбедувањето на покојниот Претседател Борис Трајковски.

Според Кесковски во 2001 година кога се преговарало за и околу Рамковниот договор албанците не прифаќале квотатат да биде 25 %, туку се залагале таа да биде дури 15%, па се дошло на некоја спогодба од 20%. Тој дополнително обелоденува дека во 1991 година во акција на македонската полиција против припадници на албанска паравоена формација која сакале да прогласи Република Илирида се запленети албански документи кои они си ги воделе за своите сонародници и во нив е прецизирано дека во Македонија има 243.000 албанци.
Извор:
„Во Центар“ – Васко Ефтов

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This