16 години затвop за Американец ocyдeн во Русија заради шпиoнaжa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руски суд денеска го осуди Американецот Пол Вилан на 16 години затвор за шпионажа.

Судијата рече дека 50-годишниот поранешен маринец ќе ја издржува казната во максимално безбеден затвор.

Вилан, кој беше присутен во судот, веднаш рече дека ќе ја обжали пресудата и дека станува збор за лажен судски процес.

Тој уште од почеток вели дека е невин и дека сè му е наместено.

Американската амбасада претходно го осуди судењето на Вилан како неправедно и рече дека не се обезбедени докази за наводите.

Вилан, кој покрај своето американско државјанство има и британско, ирско и канадско, беше уапсен на 28 декември 2018 година. Руската служба за безбедност ФСБ наведува дека тој бил приведен додека извршил дело на шпионажа, што тој го негира. За тоа дело е казнет до 20 години затвор.

Адвокатот на Вилан во февруари изјави дека познаничка на неговиот клиент му доставила УСБ со доверливи информации за кои тој не знаел.

Според адвокатот, Вилан мислел дека станува збор за фотографии направени во нејзино друштво за време на претходниот престој во Русија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This