Невладини од Македонија шверцуваат кучиња скитници со државни пари?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инфомакс располага со информации дека се злоупотребува хуманоста на граѓаните преку добро развиен ланец за шверц на кучиња скитници од Македонија кои понатаму се препродаваат во високо развиени држави по солени цени.

Минатиот петок на граничниот премин помина возило со романски документи во кое се наоѓал и поголем број на кучиња кои поседувале романски документација. Но иако возилото ја поминало македонската граница истото било сопрено од страна на грчката гранична полиција и вратено назад во Македонија.

Според нашите информации грчките граничари имале низа на забелешки меѓу кои нехуман третман кон животните, но и непоклопување на документацијата за животните и чиповите вградени во домашните миленици.

Нашите извори велат дека најверојатно романската документација била лажна со цел кучињата да можат да влезат на територија на Европската Унија каде би се постигнала повисока цена при нивна продажба.

Инфомакс дознава дека станува збор за високо профитабилен бизнис кој се финансира преку донации на хумани граѓани, но и препродажба на домашните миленици на странски пазар при што заработката изнесува и по неколку илјади евра.

Дополнително невладините организации инволвирани во организираниот шверц на кучиња скитници имаат склучено и меморандуми за соработка со државата од каде црпат дополнителни средства.

Latest News

The Best Betting Strategies for 55Club

  Bankroll Management One of the most crucial aspects of successful betting is effective bankroll management. Proper bankroll management ensures that...

More Articles Like This