(2) Кластер Влада – Владата и државните органи продолжуваат да ги игнорираат упатствата кои сами ги пропишале

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дрскоста и двојните аршини со која власта ги казнува граѓаните за непочитување на пропишаните мерки, на свој грб ги осетија бројни граѓани кои со изречени казни и глоби го полнат буџетот на Владата. И не само тоа Кластер Владата продолжува со непочитување на мерките и препораките , па така информациите кои ги добиваме редовно за непочитување на мерките кои самата таа ги пропишала се повеќе доаѓаат и донас како редакција.

Од минатонеделните информации за институции најнова потврдена информација е дека и во Фондот за здравствено осигурување, поточно Централата на Фондот (кај ДОМ на АРМ) вратени се на работа вработените без примена на ротација и без смени, иако имаат услови за работа и од дома.

Во некои од канцелариите на Фондот се дури и по 8 вработени во иста просторија. Начинот на враќање е доста интересен, имено се присилуваат раководителте на сектори со СМС пораки, преку Вибер апликации да ги известат вработените дека треба да се јават на редовно работно време на работното место.

Се применува таканаречена „усмена задолжителна наредба“, за да не постои писмена трага дека парадоксално баш Фондот за здравствено осигурување работи спротивно на препораките на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство и Владата на Република Македонија

Вработените алармираат за состојбите и велат дека кога ќе настане ширење на заразната болест или евентуално смртен случај како резултат на ширење на пандемијата, а некои од нив рекоа дека ќе посведочат јавно за тоа што се случува по инсититуциите и кога ќе се лоцира одговорноста за непочитување на препораките, ќе видиме кој ќе одговара.

Да потсетиме дека свесното ширење на заразни болести, претставува кривично дело согласно Кривичниот Законик. Дотолку повеќе што пандемијата резултираше со прогласување на вонредни мерки кои се уште се на сила, и покрај тоа што Владата јавно ги нема усвоено последните репораки препораки од страна на Комисијата за заразни болести кои можат да се разгледуваат на редовна владина седница и веќе 17ти ден молчи.

По овој текст очекуваме надлежните инспекторати да излезат конечно на лице место и да ја проверат фактичката состојба со присуство на сите вработени во институциите во големи концентрациии да превземат соодветни мерки и казни за работоводните органи како и органите на хиерархија кои преќутно ја имаат ангажирано целата администрација спротивно на препораките на Комисијата за заразни болести и протоколите кои важат во време на пандемија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This