25-TA ПО РЕД: САД го ратификуваше протоколот за влез на Македонија во НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот Сенат вечерва го ратификуваше пристапниот Протокол за влез на Република Северна Македонија во НАТО. „За“ гласаше огромно мнозинство од 91 сенатор. Против гласаа само двајца сенатори, републиканците Ренди Пол и Мајк Ли.

САД се 25. членка на НАТО што го ратификува Протоколот за пристапување на земјава во Северноатлантската алијанса.

Образложувајќи го предлогот, шефот на комисијата за надворешни работи на Сенатот, Џим Риш посочи дека позитивниот глас значи поддршка за реформите што ги направи Македонија.

Очекувањата се дека Протоколот наскоро ќе биде ратификуван од сите 29 држави членки и со тоа приемот на земјава ќе може да се официјализира пред Самитот на Алијансата закажан за 3 и 4 декември во Лондон.

Приемот може да се одложи поради изборите во Шпанија закажани за 10 ноември, поради што парламентот е распуштен и неизвесно е кога ќе се конституира новиот состав.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This