26 медиумски работници позитивни на коpoнавирус во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од 504 тестирани медиумски работници, 26 имаат позитивен резултат на коронавирус. Од нив, 20 вработени во медиуми имаат позитивен ИгГ тестот кој покажува дали инфекцијата од вирусот е помината и тестираниот има антитела, а шест лица имаат позитивен ИгМ тестот за акутна фаза на вирусот.

За ваквиот епилог од скринингот во медиумите, претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски, вели дека бројот на заразени не е за занемарување. Епидемиолошките анкети на заразените се во тек, по што ќе може да се утврди како се заразиле медиумските работници.

„Ова се податоците кои се сработени до петокот, а се чекаат резултатите и на новинарите кои беа тестирани во Центрите за јавно здравје низ државата. Новинарите и медиумските работници кои се позитивни на ИгМ, во координација со нас ќе треба да направат и дополнително ПЦР тестирање“, велат од Министерството за здравство.

Од Здружението на новинари на Македонија велат дека досега е регистрирано дека во две редакции има поголем број на заболени, додека во останатите станува збор за помалку лица.

„Бројот не е преголем, но не е ни за занемарување. Со сите кои добиле позитивен резултат, министерството ја продолжува комуникацијата за да видат каде има потреба од ПЦР тестови. Каде и како се заразени, можат да кажат само самите редакции. Како што знам, сите се во самоизолација. Свесноста е поголема од почетокот на пандемијата до сега, а маските се неизбежни и по редакциите од тоа што го имам како сознание од колегите. Само ако се придржуваме до мерките ќе можеме да го спречиме и забавиме ширењето во голема мера“, вели претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.

Засега, нема информација дали некој од заразените, претходно имал симптоми или контакти со заразено лице. Инаку, бесплатниот скрининг на новинар и медимски работници го организираше ресорното министерство по барање на Здраужението на новинари и медумски работници, поради зголемениот обем на работа околу активностите за предвремените парламентарни избори и дополнителната изложеност на вирусот Ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This