April 28, 2024, 12:52 am

27 гoдишнo мoмчe oд Македонија дoби нoвo cpцe – дoнop e ceмejcтвo нa 20 гoдишнa дeвojкa кoja пoчинaлa вo cooбpaќajнa нecpeќa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доцна синоќа на Клиниката за кардиохирургија беше извршена трансплантација на срце кај 27-годишно момче кое подолго време чекало донор.

Сложената операција траеше неколку часа. Срцето кај младото момче почнало да чука пред 4 часот утринава.

Ова е втора операција на пресадување на срце во историјата на Македонија.

Донорот инаку е 20-годишна девојка, која починала во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство, како што претходно изјави министерот за здравство Венко Филипче, се согласило да ги донира нејзините органи.

Трансплантацијата беше извршена од тим на тројца кардиохирурзи под водство на Сашко Јовев од државната кардиохирургија, Жан Митрев од „Жан Митрев Клиника“, и Александар Николиќ од болницата „Аџибадем Систина“.

Првата трансплантација на срце беше извршена во мај минатата година кога донор беше починатата 43- годишна пациентка, Емилија Динева, чие семејство се согласи да го донира срцето, а пациент беше 53 годишниот Иван Огненовски, кој долго време чекаше донор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This