3аев не му се лyти на Пендаровски: Тој е наш кopeктив, да учиме од неговите kpитики

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на државата Стево Пендаровски одлично ја врши својата функција. Тој е наш коректив и неговите критики секогаш ги сфаќам најдобронамерно, рече денеска премиерот Зоран Заев, во врска со последното интервју на шефот на државата во кое, меѓу другото, зборува и за трагедијата во Тетово.

-Не си дозволувам длабински анализи на интервјуа на претседател на државата. Неговата фунција е да биде коректив. Тоа што тој го соопштува го чувствувам најдобронамерно. Да учиме од слабостите и да се усовршуваме. Тој е претседател на сите граѓани, ја врши одлично својата функција и е наш коректив, на политичарите. Нема да ни падне круната од глава ако испрати критики, напроитив, од критиките треба да учиме, истакна Заев, опдговорајќи на новинарски прашања по увидот на пречистителната станица во Штип.

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за „360 степени” вели дека доколку тој би бил во таква позиција, веднаш би поднел оставка од морални причини по пожарот во ковид центарот во Тетово.

– Ако зборуваме за кривична или правна одговорност, би почекал да заврши истрагата. Но, ако ме прашувате лично, кога не дај боже, би бил јас во таква ситуација, не би чекал ниту секунда, веднаш би поднел оставка од морални причини, вели Пендаровски во интервјуто што вечер ќе биде емитувано на телевизија „Алсат”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This