April 26, 2024, 11:59 pm

300 евра за тие што ќе примат бустер доза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Словачка ќе обезбеди финансиски стимулации за лицата над 60 години кои ќе се вакцинираат против коронавирус или ќе примат т.н. бустер доза, за да се зголеми стапката на вакцинација, која пак заостанува зад другите земји во Европската унија.

Парламентот одобри исплати денеска, давајќи зелено светло на владиниот предлог со кој првично се разгледуваше давање ваучери за хотели или ресторани, но наместо тоа се определи за паричен поттикнување.

Оние што ќе примат дополнителна „бустер“ доза до средината на јануари ќе добијат 300 евра, додека групата над 60 години, кои ќе аплицираат за прва доза до тој датум ќе добијат 200 евра.

Словачка не е првата земја која што нуди стимулации за вакцинација.
Во октомври, Швајцарија понуди бесплатни оброци во ресторан или билети за кино на граѓаните кои ќе ги убедат своите пријатели да се вакцинираат против ковид. Американскиот град Хјустон во април соопшти дека ќе плати 100 долари на секое лице кое ќе ја прими првата доза од вакцината против ковид. Од вкупното словачко население, 46,5 отсто се целосно вакцинирани, што е под просекот на ЕУ од 66,8 отсто, според Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This