300.000 ЕВРА ЗА ЗЕТ ЗА СЕСТРА НА МИТКО ЈАНЧЕВ: Компанијата „Ја-Ми“ на зетот за сестра на Митко Јанчев, добила 17 милиони денари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Освен Крсто Мукоски кој за „услугата“ со гласањето на уставните измени, фирмата на неговиот брат доби тендери во висина од 1.1 милион евра за одржување на просториите на Агенцијата за стамбен и деловен простор, училишта и општини – тендер доби и фирмата на сестрата на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, обвинува аналитичарот Александар Пандов

Тендер вреден речиси 17 милиони денари добила компанијата „Ја-Ми“ од Кавадарци, за која аналитичарот Александар Пандов објави дека е компанија во сопственост на сестрата, односно, зет за сестра на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Тендерот кој го добила компанијата е за расчистување на патишта од снег и снежни наноси за сезона 2018/2019 година на релација Кавадарци – Кожув, а бил распишан од ЈП „Македонија Пат“.

Ова е втор ваков случај кога блиски роднини на екс-функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои учествуваат во процесот на промена на уставното име, добиваат тендери во вредност од милиони евра. Претходно фирмата на братот на Крсто Мукоски доби неколку тендери во вредност од 1.1 милион евра.

„Додека Македонија крвари и е на колена, Заев & co. секојдневно се трудат што повеќе народни пари да испумпаат и да си поделат. Доказ на тврдењата дека позади денешното гласање на пратениците, покрај уцени има и пари, покрај милионскиот тендер за Крсто, гледаме дека и заевиот голем пријател, истомисленик (европеец), подржувачи и промотор, Мите Лимунада, е награден со над 16 милиони денари, преку фирма на неговата сестра! Аферим ”браќа”, крв да ви се сторат. Значи за вакво сенародно помирување ќе гласаат денес нашите народни избраници! Ма браво

#Оставки
#НикогашСеверна
#СекогашМакедонија“ – напиша Пандов на својот ФБ профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This