31 починaт за 24 часа, ова е денешниот Koвид биланс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа од направени 3.988 тестови, 824 се позитивни на коронавирус, а битката со Ковид-19 ја изгубија 31 лице

Починале 31 лице и тоа 12 од Скопје (50г, 52г, 61г, 62г, 63г, 64г, 64г, 68г, 74г, 75г, 77г и 79г), по 3 од Куманово (70г, 75г и 75г) и Охрид (65г, 72г и 87г), 2 од Прилеп (67г и 80г ) и по 1 починат од Битола (38г), Виница (62г), Гостивар (83г), Дебар (75г), Кавадарци (63г), Кратово (75г), Пробиштип (85г), Радовиш (79г), Ресен (67г), Свети Николе (69г) и Тетово (71г).

Од пријавените пациенти, еден е починат во домашни услови, а другите 30 се починати во болнички услови. Пријавени се 7 пациенти кои се починати во тек на месец март.

Досега во земјата се направени вкупно 688.876 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 146.733, бројката на оздравени пациенти е 122.121, на починати е 4.419, а бројот на активни случаи изнесува 20.193.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This