Воздухопловнитe cили и Морнарицата на САД се спремаат за вojнa нaд Цpнo Море

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Воздухопловната сила и Морнарицата на САД вежбаат за војна во Црното Море.

Заедничките тренинг мисии се витални за спремноста на војската на САД да ги демонстрира способостите да интегрираат платформи преку повеќе домени.

Овој месец, таква воена вежба имаа Воздухопловната сила и Морнарицата на САД, одкако изведоа заедничка вежба во Црното море.Вежбата се вокусираше на реалистична интеграција, операција и комуникација помеѓѕ воени бродови и воздухопловни сили за да се заштитат поморските домени.

Воената вежба се случи над интернационални води и воздушен простор во Црното Море и беше потврдена од 6-та Флота на САД.Вежбата, која се оджа во Неделата, не беше најавена однапред и тоа предизвика љубопитност помеѓу контролорите на онлајн системите за следење на воздушен простор, кој забележале повеќе воени летала.

Во центар на вежбата се наоѓа „УСС Портер“ Брод-Уништувач со следечки проектили, и влучува П-8А партолни летала, 4 Ф-16 Фалкон авиони, КЦ- 135 Стратотанкери и МQ- 9 Рипер

Ф-16 Фалкон авионите што учествувале во вежбата летале со „жива“ муниција, што не е вообичаено за ваква вежба.Сите четри авиони биле опремени со 2 проектили од типот АИМ-120Ц/Д, еден АИМ-9Х Сајдвајндер, два резервоари со дополнително гориво и АН/ААQ-33 Снајпер напреден уред за нишанење.

Оваа заедничка вежба на силите на САД следи исти протоколи како таа на Руската морнарица во регионот пред неколку месеци.

„Со оглед на тоа што 90% од глобалната екномомија и дигиталната комуникација патуваат преку подводни кабли во светските океани, заштитување на поморските домени никогаш не било поважно.“ Изјавува Заменик Генерал Џин Блек, Командир на 6-та Флота.„Со интегрирање на Воздухопловната сила на Сад во Европа за време на оваа мисија ни овозможи да создадеме реални и релеванти вежби за да се зајакне решителноста на САД во регионот на Црното Море.“ додаде тој.

Заедничките вежби се често опишувани како витални за спремноста на војската на САД и ја демострираат способноста да интегрираат платформи во повеќе домени. Единиците што учестуваа спроведуваа тренинг сценарија што вклучуваа тактички маневри и комуникација.

„Целта на оваа вежба беше команда и контрола во заеднича средина со нашите браќа и сестри од Воздухопловната сила, за да се зголемат нашите тактички можности, и екипата на Портер го направи токму тоа. Оваа вежба ни овозможи да продолжиме да се надградуваме и нашата заедничка способност да решаваме било какви поморски закани со брзина и ефикасност.“ Изјави Командир Крег Трент – Главен Командир на воениот брод „УСС Портер“.

Екипата на „УСС Портер“ и „П-8А Рипер“ имаа обемни неколку недели.

Воениот уништувач и леталото од патролниот одред ВП-47 оперираа во Црното море после дваесеттите оджувања на вежбните „Sea Breeze“, годишен настан на кои се приклучуваат воени сили од неколку држави, вклучувајќи ги: Бугарија, Грузија, Сад, Норвешка, Украина, Романија, Шпанија и Турција. Мултинационалната поморска вежба е создадена да се зголеми заедничката операција помеѓу државите кои учествуваат и да се зајакне регионалната безбедност во Црното море.

Latest News

Getting Started with the 82 Lottery App A Comprehensive Guide

Have you ever dreamed of winning big in the lottery? With the 82 Lottery App, you can turn that...

More Articles Like This