3aвршни зборови за 27-ми:„Heпристоен предлог“ до cyдијата како одговор на констpyкциjaта на Русковска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Адвокатот Еленко Миланов во завршниот збор за настаните од „27 април“ му постави неколку прашања на судијата Илија Трпков за тврдењата на обвинителката Русковска за членот 80 став два од Деловникот не е во спротивност со член 78 став 2 што според неа овозможува единствен претрес за меѓусебно поврзани точки од дневен ред. Или што ќе рече, дискусијата за избор на членови на Комисијата за избори и именувања да тече истовремено со избор на претседател, нагласувајќи дека Деловникот е устав за работата на Собранието како што е Законот за кривична постапка за Кривичниот суд.

Адвокатот Миланов на судијата Трпков му рече:

Ќе ги ставам под нозе целото мое правничко знаеше и 30-годишно искуство и ќе ви предложам еднен непристоен предлог. Ајде да ги прекинете овие завршни зборови и оваа постапка да ја споите со кривичната постапка за осудените од 27 април за која е веќе објавена пресуда, но сѐ уште не е изготвена. Почитуван судија, ќе го прифатите овој непристоен предлог или ќе го гледате како несериозност од моја страна, праша Миланов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This