3aев вети обeсштeтyвaње на граѓаните чиј имот нacтрада во пожapите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев како и директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, денеска беа во посета на беровискиот регион каде што во моментов е најголемиот пожар во државата. Заев во изјава за медиумите кажа дека граѓаните кои претрпеле штети, ќе бидат обесштетени, како и дека веќе се прави план за садење нови дрвја во опожарените места.

Уште во шест часот утрово тргнавме на терен, во моментов сме на место каде што е најголемиот пожар во моментов во државата. Утрово поминавме од кај Митрашинци каде што се прават обиди за да не се симне пожарот кон селото. Веќе таму дејствуваат нашите армиски хеликоптери. Најважното дејствување во моментов е од нашите херои – шумарите, полицијата, армијата, пожарникарите, како и братската помош која ја имаме од другите држави. Се заблагодарувам на помошта на Србија, на Бугарија, со нивните пожарникари заеднички се бориме против огнените стихии. Важно е дека се заштитени сите жители, имоти, штали. Голема загуба се изгорените шуми, но верувам дека во брзо време ќе ги возобновиме. Сепак 50-60 отсто може да се возобнови. Тоа се белите дробови на сите наши граѓани. Јас верувам дека ваквата солидарност, системското функционирање, го дадоа резултатот за да можеме да кажеме дека се локализираат пожарите на беровско-пехчевскиот регион, рече Заев.

Тој најави дека државата ќе излезе во пресрет да ги надомести штетите кои ги претрпеа граѓаните како последица на пожарите.

Сега се прават проценки на терен, за да се обесштетат граѓаните. Да не се грижат, ќе го надоместиме тоа што е загубено. Ќе има и нови сеидби, се знае во кој предел какво дрво вирее, па се плави план за голема сеидба на дрвја оваа есен, рече Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This