3aкани од Грчец? – Се испраќаат апели до амбасадата на САД да се спаси живот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ни мртов не би го повлекол потписот за рушење на криминалната Влада на СДСМ и ДУИ, вели во изјава за Алмакос, Абдула Салиу, пратеник од Алијанса на Албанците само неколку дена откако беше објавена онаа фотографија во Собранието на Република Македонија на која лидерите на опозициските партии плус Беса најавија ново парламетнарно мнозинство и гласање за недоверба на Владата на Заев.

-„Јас, Абдула Салиу, уште од влегувањето во политичка партија, а уште повеќе кога станав пратеник, кажав дека секогаш ќе бидам на страната на народот и неговиот глас. Затоа, сметам дека е разумно да го појаснам мислењето и активистите на опозициската коалиција дека – ниту мртов не го повлекувам потписот за рушење на оваа криминална и тендерска власт ДУИ-СДСМ!“ – нагласи заменикот Салиу за Алмакос.

По вчерашното лавирање на пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи кој тврдеше дека бил излажан и дека не знаел оти својот потпис за рушење на Владата ќе го стават и пратениците на Левица оваа изјава на Салиу добива на дополнителна тежина во очите на јавноста.

На социјалните мрежи веќе се шпекулира дека криминални групи под директна контрола на ДУИ и СДСМ директно се закануваат на пратениците кои имаат можност да ја испратат власта во опозиција.

Во мистериозна објава во која се бара помош директно од амбасадата на САД во Македонија профилот „Марга“ кој важи за добро упатен во политичките, но и разузнавачките кругови во Македонија се посочува извесна криминална група од Грчец како извор на заканите за пратеникот Салиу.

-На пратеникот Абдула Салиу од Алијанса, Шеваљ од НАРКО ГРЧЕЦ КЛАНОТ со Бандата “Даути Комерц” му упатиле ДИРЕКТНА ЗАКАНА по ЖИВОТ и му понудиле 1.5 милиони евра за да остане ЖИВ и да НЕ гласа @USEmbassySkopje

Ве молам за ПОМОШ да спасиме ЕДЕН ЖИВОТ, стои во пораката.

https://twitter.com/MKProlet/status/1457805345900929025

3аев продолжува со својата пракса и врши невидени притисоци во Собранието на Република Македонија со цел да ја сочува власта истакна пратеникот на ГРОМ, Љупчо Пренџов во своето гостување во утринската програма на Телма.

Пренџов гледа на вчерашната посета на Заев на Собранието на Република Македонија како притисок и посочува дека се вршени закани и уцени врз пратеници со цел да не гласаат за недоверба на Владата.

Пример за делувањето на Заев е премислувањето на пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџеп, вели пратеникот посочувајќи дека најпрво се потпишал на списокот за гласање на недоверба на Владата, за потоа да најави дека го повлекува потписот наводно поради тоа што не знаел дека пратениците на Левица ќе бидат дел од оние пратеници кои ќе ја изгласаат недовербата на Владата.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This