3aeв кpeна paце од Гоце: Peшавањето на истopиските пpaшања тpeба да им го ocтавиме на истopичapите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во вестите на телевизија Сител рече дека тој утре ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел. Вели дека добредојдена е помошта од Германија во спорот со Бугарија.

-Има оптимизам. мене ми е драго што и од бугарската страна видов оптимизам. Дефинитивно добродојдена е помошта од Германија. Честите средби меѓу двете страни даваат резулати. Јас се трудам да има целосно разбирање, не може да немате разбирање за другата страната. Двете страни сакаат да најдат решение. Утре ќе разговарам со канцелМеркел.
Би направиле изјава до ЕУ дека називите Република Северна Македонија и Северна Македонија се однесуваат на оваа територија. Притоа со нашиот Устав е декларирано дека Северна Македонија нема територијални претензии кон соседите, тоа ќе го декларираме уште еднаш. Решението за јазикот е да продолжиме да се држиме до со Договорот за добрососедство каде стои дека јазиците се според Уставот на земјите. ЕУ го признава македонскиот јазик, тој го има во преводите и тоа е право на Бугарија. Историјата не треба да ја решаваат политичарите, туку тоа треба да го прават историчарите. Ние ќе ги охрабруваме Комисиите да работат. Ние со Договорот имаме една добра формулација, а тоа е дека со Бугарија имаме заедничка историја. Цела Европа има заедничка историја, вели Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This