3aeв: Македонскиот јазик и идентитет се надвор од преговорите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се надвор од преговорите со Бугарија, тоа им е јасно и на помалку упатените во проблематиката, на сите земји-членки на Европската Унија, на целиот регион и на целиот демократски свет, предводен од САД, изјави денеска во Охрид премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со помошникот државен секретар на САД за Европа и евроазиски прашања, Филип Рикер по завршувањето на Конференцијата на Преспа форумот за дијалог.

-НАТО го остваривме, втората стратешка цел е да продолжиме низ поглавјата во пристапот со ЕУ. И во едни такви околности уште еднаш можам да потврдам дека во Бугарија не разговаравме за македонскиот јази и за македонскиот идентитет, рече Заев.

Додаде дека од Европа очекуваме да ги заштити идентитетите на сите, вклучително и нашиот.

-Впрочем и Република Бугарија вели дека ја прифаќа реалноста за македонскиот јазик и македонскиот народ, разговаравме за патоказот, согласно кој ги дефиниравме области, ги задолжуваме институциите и ги одредуваме роковите за зголемувањето на ефикасноста на соработката меѓу двете земји. Како на пример интензитетот на историско образовната комисија, колку често да се среќаваат, да ги охрабриме да изнаоѓаат решенија, кои што ќе не прават пријатели, не решенија коишто ќе не делат, порача Заев.

Премиерот нагласи дека сето она што се однесува за јазикот е формулацијата, која веќе ја кажал а тоа е дека станува збор за слични, но различни и меѓународни признати јазици.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This