3aeв му ја завpши кapиepaта на cyдиjaта кој го пpитвopи Kамчев: Бизниcmeнот нитy бил cлeдeн ниту се сpeтнал со Бугapcки aгeнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од утре, понеделник 5 април, собраниската Комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, на чие чело е пратеникот Љупчо Пренџов, ќе влезе во АНБ да изврши увид и да утврди дали постоело пречекорување на законските ограничувања и овластувања при постапувањето на АНБ во постапката СД бр. 02-545/1. Под овoj архивски број постои Информација на АНБ, врз основа на која на бизнисменот Јордан Камчев, осомничен во случајот „Плацеви на Водно“, му е изречена мерката притвор. Информацијата на АНБ носи датум од 14 март 2021 година, а тоа е истиот ден кога Камчев беше приведен и притворен.

Во предлогот за притвор за осомничениот, што го доставила обвинителката Лиле Стефанова до судот, било наведено дека Камчев бил следен од 12 до 14 февруари годинава од страна на АНБ, од која била добиена информација дека би можел да ја напушти земјата. Кон предлогот за определување притвор, како единствен доказ, била приложена Информацијата на АНБ за наводните подготовки на Камчев за бегство, која на одбраната не ѝ била доставена на увид. Таа Информација на АНБ е „крунскиот доказ“ со кој и судијата ја поткрепил одлуката на бизнисменот да му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

Врз основа на тој документ на АНБ, за кој цели дваесет дена во јавноста беспоговорно се тврдеше дека содржи и наводи за некаква наводна средба на Камчев со лице од Бугарија заради подготовка на бегство, се плетеа медиумски приказни за замешаност на бугарски агенти во плановите на осомничениот да избега. Потоа се огласи бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, со тврдење дека тие приказни се „глупости“ за кои го обвини директорот на АНБ, Виктор Димовски.

До пресврт во таа опскурна приказна дојде кога за Информацијата на АНБ, која инаку е доверлив документ, во интервју на Канал 5 телевизија проговори премиерот Зоран Заев. Премиерот кажа дека го видел тој документ неколку часа по апсењето на Камчев и читајќи го, се убедил дека во него има „индиции и докази“.

– Не бил следен, не се работи за следење. И тоа агенти, Бугарија… Не е точно, нема таква работа. Има причини дома. Не смееме да зборуваме. Има неколку причини поради кои кај нив се пробудил инстинктот да напишат и да пријават – изјави на Заев, објаснувајќи што видел во доверливиот документ на АНБ.

По овој настап на Заев, јавноста остана збунета. Зошто премиерот го демантира судијата во претходна постапка Васил Динковски? Зошто сега Заев тврди дека во белешката не било напишано она на кое се повикал самиот судија? Во решението за притвор што го потпишал Динковски на 14 март, меѓу другото, јасно и гласно е запишано и ова: „… Информацијата на АНБ на РСМ СД бр. 02-545/1 од која се гледа дека осомничениот остварил средба со лице од Р Бугарија, а во врска со реализацијата на намерата за бегство во Р Бугарија“?

Еве го тој дел од Решението за притвор:

Кој лаже тука? Премиерот Зоран Заев, судијата Васил Динковски, или можеби обвинителката Лиле Стефанова? Како можело судијата Динковски да измисли дека во Информацијата на АНБ видел дека пишува за таа наводна средба? И како можела АНБ да знае што се зборувало на таа средба, ако немало следење на Камчев, како што тврди Заев?

Извор: Плусинфо

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This