3aeв нajaвува полициckи чac: Ce paзмислува да пoчнyва oд 17 или 18 чacoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мерките за лична заштита почнаа да даваат резултати, но не е исклучено да бидат донесени други рестриктивни мерки, за што ќе заседава Советот за безбедност, изјави премиерот и посочи дека факторот на преносливост на болеста почнува да се намалува.

И министерот Филипче вчера изјави дека се прават анализи за следните чекори во справувањето со болеста. Се размислува за рестрикции, за што деновиве ќе заседава и Советот за безбедност, но мерките за лична заштита почнаа да даваат резултати. R-факторот на преносливост се намалува и тоа ќе продолжи така доколку и натаму се спроведуваат сегашните мерки за заштита, оцени премиерот Зоран Заев.

–Се размислува и за некоја форма на карантин или други рестриктивни мерки. Ги правиме анализите и ќе стигнеме до следните чекори. Мнозинството во комисијата е на ставот дека полициски од 21 часот нема да даде некои резултати, додека ако биде од 17 или од 18, ќе има подобри резултати. Сето тоа сега се одмерува и овие денови ќе биде одржан состанок на Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски и можно е таму да се дефинира некоја од мерките, рече Заев во синоќешното интервју за ТВ 21.
Посочи дека јавниот здравствен систем ги има сите капацитети и сѐ е ставено на располагање за справување со обаа нова болест. Во вонредна состојба државата има можност времено да национализира и сите капацитети да бидат ставени на располагање еднакво за сите граѓани, но јавниот здравствен систем е опремен и има стручен кадар за справување со оваа ситуација.

Во однос на набавката на вакцина откако ќе биде одобрена, премиерот Заев нагласи дека земјата е вклучена во КОВАКС-механизмот на Светската здравствена организација, за да се обезбеди рамноправна дистрибуција на соодветна количина на вакцини проти оваа нова болест и дека нашата земја, како и Западен Балкан, ќе биде вклучена во набавката на вакцината што ќе ја спроведе ЕУ за своите земји членки.

Можноста за полициски час, вчера, не ја исклучи ниту министерот за здравство Венко Филипче, иако и тој оцени дека преносливоста на болеста е намалена од 1.5 на речиси 1.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This