3aeв објави дека недела ќе биде неработен ден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата ја прифати иницијативата денот недела да биде прогласен за неработен ден, објави премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“.

Премиерот Зоран Заев предмалку на својот Твитер профил објави дека Владата ја прифатила иницијативата: денот недела да биде прогласен за неработен ден.

„Го задолживме МТСП во рок од 15 дена да достави законско решение. Ова е во интерес сите граѓани. Недела треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време, ден за семејството, за себе“, напиша Заев.

Прогласувањето на недела за неработен ден како иницијатива на претходната влада на Заев во игра беше и на почетокот на годината кога Министерството за труд и социјална политика најави дека ќе подготви закон со кој недела ќе биде прогласен за неработен ден за сите, а работниците ќе се плаќаат по час за да им се излезе во пресрет на барањата од работниците кои имаат најниски плати во земјава како што се текстилните работници, вработените во супермаркети, трговски центри и градежни работници.

Меѓу иницијаторите за недела неработен ден е и Сојузот на синдикатите на Македонија.

-Во услови на Светската здравствена криза, предизвикана од Коронавиросот COVID – 19, се покажа дека повеќе од потребно е Недела да биде неработен ден за сите работници, а во изминиот период видовме дека со прогласените мерки и полицискиот час кој траеше за време на викендите целокупното општество може да фукционира и доколку недела е прогласен за неработен ден, побараа неодамна тие.

На крајот на септември пратениците во словенечкото собрание ги изгласаа измените во законот за трговија, со кои се забрани работа на продавниците во недела и за празници.

Слична иницијатива има и во Хрватска, но уште нема конечна одлука за ова.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This