3aeв потврди: Tpи дeнa ce знaeло за бeгcтвoтo нa Mиjaлков – He ce напpaвило ништo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за правда, Бојан Маричиќ е министерот на кого обвинител му кажал дека Сашо Мијалков може да избега. Ова го соопшти премиерот Зоран Заев, потенцирајќи дека тоа бил неформален разговор. Првпат ваква информација беше
соопштена во јавност од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој рече дека не знаел само тој дека Мијалков спрема бегство, туку дека во петокот обвинителите ја имале информација и ја пренеле на министер. Сепак, Заев вели дека во редовите на Владата не се испитува одговорност.

„ЈО е тоа што ги прави истрагите. Имотот на Мијалков сигурно е систематизиран во сите постапки кои веќе се поднесени. Еден дел се во ‘Трезор’, ‘Тортура’, изборите во Струмица. ЈО сигурно има направено класифицирање на имотот на Мијалков. ЈО е примател на информацијата за можно бегство. Покрај министерот за внатрешни работи, информацијата била кажана и на министерот за правда. Тоа бил неформален разговор. Ние во нашите редови не испитуваме одговорност бидејќи можеме да бидеме пристрасни меѓу себе. ЈО е независен дел на работењето на системот, за да ни покаже каде би имало пропусти, ако ги имало“, рече Заев.

Oливер Спасовки на својата прес-конференција потенцираше дека уште во петокот Трајче Пеливанов и Ленче Ристовска знаеле дека Мијалков ќе бега, информација која била пренесена на член на Владата на Зоран Заев.

-Јас реков не би сакал да прејудицирам ништо, тоа треба да го докаже истрагата. Знам дека обвинителите во петокот кога беа завршните зборови ја знаеле оваа информација и ја пренеле на еден член од Владата дека има можност да има бегство на Сашо Мијалков. Ќе дојде момент ќе се дознае и тоа, посочи Спасовски.

По пресудата за предметот Таргет-Тврдина за Сашо Мијалков на прашање на Инфомакс, обвинителката Ленче Ристовска истакнува дека не се знаело дека Сашо Мијалков се подговотвува да бега, демантирајќи го и Заев и Спасовски, но по се изгледа, Ристовска не ја говори вистината.

Останува отворено прашањето зошто 72 часа, обвинителството чекало да побара притвор за Сашо Мијалков иако имале информации дека се подготвува негово бегство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This