- Advertisement -
Македонците од Пиринска Македонија нема да ја запрат својата битка поради откажувањето на Заев од нив.
“Тоа е срамен момент, макар и очекуван. Не дека нешто ќе смени – Македонија последните 30 години и така не го има кренато прашањето за македонското малцинство во Бугарија. Но не верувам дека и ова понижување ќе им помогне. Ние ќе ја продолжиме нашата борба како досега”, вели за expres.mk членот на колективното претседателство на ОМО Илинден Пирин Стојко Стојков.