3aeв со навpeди за опозицијата: BMPО- ДПMHE си пpaви излeт на мозoкoт, ниe ќе имамe уште 6 пратеници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Си ја имаат мувата на капата и си прават излет на мозокот. Вака премиерот Зоран Заев ја коментираше денеска изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој синоќа тврдеше дека има пратеници од коалицијата на СДСМ, коишто веќе разговараат за ново парламентарно мнозинство. Николоски тврдеше дека тие пратенции не се од албанска националност односно не се од Беса или од ДУИ.

„На која политичка основа ќе формираат ново парламентарно мнозинство, а без албанска партија? Со кој ќе формираат мнозинство? А што – ќе поништуваат преспански договор, договорот со Бугарија и ќе формираат чиста Македонија? Мислам дека додека не ја променат менталната матрица ќе останат во опозиција. Инаку еве да ви кажам меѓу 3 и 6 пратеници ќе дојдат во нашето парламентарно мнозинство и тоа заради политиките и предлог решенијата. Да си бидеме посветени, еве гледате златни мерки има, економија, инвестиции, рече Заев.

Инаку синоќа Николоски во гостување на телевизија Стар рече дека со пратеници од коалицијата на СДСМ разговараат за ново парламентарно мнозинство.

„Во овој момент, еве ексклузивно има пратеници од коалицијата на СДСМ, кои што не се од Беса или од ДУИ туку од останати пратеници во рамки на коалицијата на СДСМ коишто веќе разговараат за ново парламентарно мнозинство, рече Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This