Денеска во зимско-рекреативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Пониква беа презентирани четири показни вежби од страна на Единицата за брзо распоредување и од Единицата за специјални задачи при Одделот за специјални полициски операции на Бирото за јавна безбедност.
-Заедно со црногорскиот колега, Сергеј Секуловиќ, во зимско-рекреативниот центар на МВР на Пониква, присуствувавме на четири показни вежби од страна на Единицата за брзо распоредување и од Единицата за специјални задачи при Одделот за специјални полициски операции на Бирото за јавна безбедност.
ЕБР изведе вежба во која полициските службеници претставија случај за совладување на активен отпор, самоодбрана при напад на лица сторители на кривични дела и нивно лишување од слобода, како и операции на растурање на толпа при нарушен јавен ред и мир во поголем обем.
Полициските службеници од Единицата за специјални задачи при Одделот за специјални полициски операции во избраните показни вежби демонстрираа техники и тактики на обезбедување на високи домашни и странски функционери.
На изведувањето на четирите показни вежби на елитните единици на МВР во Пониква присуствуваа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со својот колега црногорски колега Сергеј Секуловиќ, кој предводи делегација во рамки на официјалната дводневна посета на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
-Денеска заедно со мојот драг колега, министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Сергеј Секуловиќ, во рамки на официјалната дводневна посета на Министерство за внатрешни работи, сме во Зимско рекреативниот центар на МВР на Пониква.