“Heпpaвeднo e штo богатите земји први имаат пpиcтaп дo вakцинитe пpoтив Koвид-19“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од најугледните белгиски виролози и член на кризниот штаб за Ковид-19, Марк Ван Ранст, преку Твитер порача дека е неправедно што богатите земји први имаат пристап до вакцините против Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.

Тој на социјалната мрежа објави мапа на која се гледа дека најбогатите земји имаат најдобра покриеност со вакцини против Ковид-19 и напиша “ова не е праведно“.

Со иста порака се огласи и генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејесус. Тој предупреди дека светот се наоѓа пред “морална криза„ и ги нарече богатите земји “себични“. Гебрејесус ги критикуваше и фармацевтските компании кои добиваат лиценци директно од богатите земји, наместо да побараат дозвола од Светската здравствена организација за глобална употреба на вакцините.

Белгискиот виролог Ван Ранст со оваа порака преку Твитер стави до знаење дека ја поддржува позицијата на Гебрејесус. Ван Ранст е дел од кризниот штаб, а е член и на научниот комитет кој ги советува белгиските власти од почетокот на оваа здравствена криза. Ван Ранст се смета за еден од најугледните научници во Белгија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This