4.8 МИЛИОНИ ЕВРА ЧИНИ ИМЕТО: Случајно ли е тоа што пред Договорот во Преспа, грчка државна компанија ја купи фирмата на вицепремиерот Анѓушев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Mногу прашања се отворија по скандалозниот договор за купување на компанијата ЕДС на македонскиот вицепремиер Кочо Анѓушев и близок соработник на премиерот Зоран Заев од грчката државна компанија ППЦ само два месеци пред потпишувањето на Договорот од Преспа, обвинува грчката опозициска партија Неа демократиа. Опозицијата потсетува дека оваа компанија е пред банкрот. ППЦ одговори дека се работи за чист договор со јасна цел за ширење на бизнисот на Балканот, пренесува грчкиот весник Иефемерида.

Грчката најголема опозициска паертија Неа демократиа го обвинува грчкиот премиер Алексис Ципрас дека во периодот кога грчката државна електродистрибутивна компанија нема пари ни за плати на вработените, компанијата која двапати во последните месеци избегна банкрот, на потпретседателот на македонската влада му плати 5 милиони евра. За опозицијата не е случајно тоа што купопродажниот договор меѓу ЕДС и ППЦ бил потпишан само два месеци пред потпишувањето на договорот за промена на името. За Неа демократиа не е јасно дали тие лични сметки на Анѓушев се некако поврзани со Заев или со неговата партија.

Во одговорот на ППЦ се вели дека се работи за чист договор со јасна цел за проширување на бизнисот на Балканот. Цената од 4,8 милиони евра била договорена со реномирани финансиски консултантски куќи, а парите се префрлаат во договорени транши на сметката на сопственикот, се вели во одговорот на ППЦ. Грчката компанија тврди дека компанијата на Кочо Анѓушев е многу добра, работи професионално, има стручен, високообразован кадар и претставништва во други земји.

На 25 април ЕДС, македонската компанија за трговија со електрична енергија и ППЦ (Public Power Corporation), грчката државна компанија за производство на струја, го потпишаа договорот за продажба на 100% од акциите на ЕДС и подружниците во Југоисточна Европа, во вкупна вредност од 4,8 милиони евра.

„Покрај следењето за нашето законодавство и процедурите, во текот на преговорите за продажбата приоритет ни беа и условите за унапредување на стабилноста и плановите за понатамошен развој на компанијата. ЕДС досега постигна многу на локалниот и регионалниот пазар, како членка на меѓународната берза за набавка на струја ја има најдобрата балансна група, одлично развиена мрежа за снабдување со електрична енергија и големо искуство во набавката на струја на слободниот пазар. Со овој договор позади ЕДС имаме гигант во производство на струја што се очекува дека ќе ја направи ЕДС поконкурентна на пазарот. Тоа значи дека клиентите ќе имаат добри услови и пред се уште поголема сигурност“, изјави тогаш Кочо Анѓушев, сопственикот на ЕДС.

Главниот извршен директор на ППЦ, Емануел М. Панајотакис тогаш изјави: „Со купувањето на ЕДС, исклучителна компанија која за неколку години, под инспиративното раководство на г-дин Анѓушев и со својот високо професионален тим, се разви и стана значајна компанија за трговија со електрична енергија, ППЦ влегува на пазарот за електрична енергија на нашата соседна земја на најдобар можен начин. Со поддршката од ППЦ и нејзината експертиза, ЕДС ќе напредува и зајакнува и понатаму, што ќе биде во најдобар интерес и на клиентите. ЕДС во сопственост на ППЦ ќе стане уште помоќна компанија, со оглед на портфолиото што го имаме и развојните планови дефинирани за време на купувањето.“

ППЦ е една од најголемите компании во Југоисточна Европа од областа на енергетиката, со вкупна актива од повеќе од 15 милијарди евра и годишни приходи од над 5 милијарди евра. Основната дејност на ППЦ е производство, дистрибуција и снабдување со електрична енергија во Грција за 7,3 милиони потрошувачи и има пазарен удел од околу 85 проценти. ППЦ е исто така сопственик на дистрибутивната мрежа на Грција којашто стопроцентно ја води филијала „ХЕДНО”, како и ППЦ Обновливи извори – една од пионерските компании во Европа за производство на електрична енергија од обновливи извори. Покрај тоа, ППЦ има подружници во Бугарија, Турција и Албанија. ППЦ неодамна потпиша стратешки договор со американската компанија Џенерал Електрик за соработка во поддршката на термоенергетските единици во Европа и Северна Африка.

Грчката компанија ППЦ ќе продава и тргува со половина од струјата во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This