Новото болничко возило што недостасува во Струмица вреди колку моторот на Костадинов и тркалата на Бентлито на Заеви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на струмичката болница, Наќе Гогов на Фејсбук вчера бараше донации од граѓаните за да се купи ново болничко возило, а веднаш потоа и ја избриша оваа објава што покрена лавина на коментари на социјалните мрежи.

Еве што пишуваше во неговиот пост на Фејсбук:

-Почитувани пријатели, мои ценети сограѓани , знам дека не би требало да се барат донации на ваков начин , меѓутоа заради малиот број на болнички возила, заради тоа што се застарени и често се расипуваат, заради ситуацијата во која се наоѓаме со корона вирусот каде транспортот на пациенти е неколкукратно зголемен – болничките возила се 24 часа вклучени во транспорт на пациенти од нашата болница до клиничките центри и обратно,ние како “ЈЗУ Општа болница -Струмица” имаме потреба од ново болничко возило кое ќе биде од голема корист за сите граѓани од Струмица и струмичкиот регион. Да се организираме и да си помогнеме самите. Ве замолувам сите кои сте во можност и сакате да донирате од срце , каде сумата ќе биде по ваша желба да донирате на следната жиро сметка :660270170248596 . Се надевам дека ќе ја покажеме хуманоста на дело. Ве замолувам споделувајте го статусот.“ напиша директорот на струмичката болница, Наќе Гогов.

Откако експресно ја избриша објавата, Костадин Костадинов од СДСМ објави дека најдоцна до декември струмичката болница ќе добие амбулантно возило.

„Во консултации со премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче би сакал да ја информирам јавноста дека е обезбедено ново амбулантно возило и најдоцна за 2 месеци, до декември оваа година треба да пристигне за струмичката болница“, објави пратеникот од Струмица, од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов.

Сепак ова покрена лавина на коментари бидејќи власта на СДСМ чекаше цели четири години за да набави возило во Струмица.

За потсетување на јавноста амбулантното возило за струмичката болница ќе чини близу колку моторот на Костадинов со кој се пофали неодамна.

Значи сите се подновени да не ги мислите! 33 со вила на Егејско, КК со нов мотор од пред десетина дена, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој сподели фотографии од неговиот колега од спротивниот табор, портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов и неговото ново возило.

Што се 20.000 евра за Костадинчо?
Дукати од речиси 18.000 €, со целосна додатна опрема, од кои само куферите се 600€.
И исто како и Интрудерот, стариот мотор, ни овој нема да го најдете пријавен во ДКСК!
Што има врска што има криза и 40.000 нови невработени, што има врска што речиси уште толку се со плата/пензија под 15.000 денари, што има врска што колабира здравство и образование, нели?
Бандитите мора да уживаат, порача Стоилковски, додавајќи „УА мафија“.

Значи сите се подновени да не ги мислите!
33 со вила на Егејско, КК со нов мотор од пред десетина дена.
Што се 20.000…

По ова јавноста се потсети и на шетањето на Заев со мотор вреден 30 илјади евра кој го нема ниту во анкетниот лист.

Премиерот Зоран Заев на мотоцикл денеска дојде од Струмица во Крушево, каде му беше гостин на градоначалникот Томе Христоски, по повод неговиот именден.

Заев пристигнал со поголема група на моторџии и направиле обиколка низ градот, додека Христоски ги придружувал во автомобил за време на обиколката.

Заев возеше моторцикл БМВ, од моделот K 1600 GT/GTL Excl, кој од застапниците во Македонија се продава по цена од 29.990 евра и важи за еден од најскапите и најексклузивни моторцикли на пазарот, пишува порталот Лидер. Повеќе информации за цената, дистрибутерот и моделот, на следниот линк.

Премиерот Заев овој Моторцикл го нема пријавено во неговиот анкетен лист во Државната комисија за спречување на корупција, по што се поставува прашањето дали тој крие имот или можеби овој Моторцикл го позајмил од некого за денешниот настан, за што според Законите во Република Македонија, потребно е полномоштво.

Јавноста по ова веднаш сумата на амбулантното возило го спореди и со скапите гуми на автомобилот од марката Бентли кој го поседува фамилијата Заеви, како и дека само гумите на истиот чинат иста цена колку новото болничко возило.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This