Затворени два ресторани поради непочитување на антиковид мерките

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Два угостителски објекти беа затворени во последното деноноќие поради непочитување на мерките за спречување на пандемијата со ковид-19, соопштуваат од МВР:

Поради непочитување на мерките за заштита од Ковид-19 и прописите за работно време, затворен е угостителски објект во Крива Паланка. Според информациите од Секторот за внатрешни работи Куманово, синоќа при контрола на угостителски објекти на подрачјето на Крива Паланка, полициски службеници констатирале дека угостителски објект на ул.„Коце Металец” работи по дозволеното време.
-Во објектот биле затекнати триесетина гости, поради што на сопственикот на угостителскиот објект ќе му биде поднесена соодветна пријава, а од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е затворен, се наведува во соопштението од СВР Куманово.

Угостителски објект во Куманово е затворен од Државниот пазарен инспектират затоа што работел по дозволеното време. МВР соопшти дека по пријава дека во угостителски објект на ул.„Ѓорче Петров” во Куманово не се почитувале здравствените прописи за време на епидемија, полициски службеници извршиле контрола и било констатирано дека објектот работи по дозволеното време, а во него биле затекнати девет гости, сопственикот А.Т.(43) и еден вработен. По целосно документирање на случајот против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава, а од страна на Државниот пазарен инспектират објектот е затворен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This