Директорката на српскиот Институтот за онкологија и радиологија, Даница Грујичиќ рече дека сега е убедена дека вирусот корона е вештачки направен.
Сепак, фактот дека вирусот е вештачки не значи дека не постои, смета д-р Грујичиќ. Таа исто така наведе пет совети за борба против короната.
Маски, капење, миење коса, хигиена на рацете, избегнување на собири. Ве молам, бидете трпеливи уште еден месец или два – рече д-р Грујичиќ на ТВ Прва.
Говорејќи за корона забавата што беше растурена синоќа во Белград, таа вели дека присутните на забавата треба да се срамат.
Треба да се срамат, не ги почитуваат жртвите на короната. На некој начин, тие исто така покажаа дека не ги почитуваат лекарите. Сигурно барем еден бил заразен. Тоа е себичност, рече Даница Грујичиќ.