Tajнa cpeдба вo гpчкaтa aмбacaда – 3aeв дoбил вepбaлнa нoтa: Aкo вo личнитe кapти cтoи Maкедонец/Maкeдонка мoжeмe дa забopaвимe нa EУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинска драма изминативе неколку дена се случува на социјалните мрежи, како што се вжештува војната на зборови помеѓу двете опозициски партии, ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Причина за кавгата помеѓу двете опозициски партии е новиот предлог Закон за лични карти на БЕСА со кој во личните карти покрај досегашните податоци ќе стои и националноста на сопственикот како на пример „Македонец, Албанец, Турчин, Србин итн.“

Според она што го пишуваат симпатизерите на Левица станува збор за идеолошко несогласување и сето тоа би било во ред доколку ваквото делување на Апасиев не би значело спас за кариерата на Зоран Заев и неговата коалиција со БЕСА.

Имено Законот за лични карти е сврзното ткиво помеѓу СДСМ и БЕСА, односно овој Закон е основата на коалициониот договор помеѓу двете партии, но изминативе неколку дена Левица го блокираше поднесувајќи 1300 амандмани.

Доброупатени извори ја потврдуваат информацијата која веќе неколку дена се врти на Твитер.

-Деновиве, ќе ви кажам и што правел Зоран Заев на состанок со грчкиот амбасадор, и како тоа го врзува (свесно или не) Димитар Апасиев и неговиот филибастеринг, пишува „Дамата од подземјето“ на Твитер.

Наши извори го потврдија состанокот во Грчката амбасада на Заев и истакнаа дека на состанокот на Заев му било посочено дека доколку во личните карти стои националноста, поточно Македонец / Македонка покрај бугарското, Македонија ќе добие и Грчко вето за членство во Европската Унија.

-Минатата недела Заев на состанок со Грчкиот амабасадор добил предупредувачка нота, дека ако се изгласа Законот за лични карти на предлог на БЕСА, Грција ќе стане пречка на патот кон ЕУ.

Апасиев после два дена го блокира законот, а СДСМ е во тивка војна со БЕСА.Ефективно, Апасиев го спасува Зоран Заев, а ја уништува најдобрата шанса досега за растурање на владејачкото мнозинство, пишува „Дамата од подземјето“.

Можеби Димитар Апасиев несвесно му помага на Зоран Заев, но тоа не го менува фактот дека со поднесувањето илјадници амандмани се продолжува политичката кариера на Заев и Али Ахмети.

Останува нејасно зошто на некој би пречело во личните документи на граѓаните да стои националноста имајќи во предвид дека од потпишувањето на Преспанскиот договор во сите документи на Македонците наместо националност беа запишани неколку коси црти /////!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This