5Г тexнологијата ни доаѓа во Македонија: Четири компании иcкaжале интepес за учecтво на тендepот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Компаниите Неотел, Битстрим Мобиле, Македонски телеком и А1 Македонија до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) испратиле писма за искажување интерес за учество на тендерот за доделување одобренија за користење радиофрекфенции за петтата мобилна генерација 5Г, што треба да го објави регулаторното тело.

Неотел искажува интерес за одобренија: В41, В44, В45 и В46, Битстрим Мобиле за одобренија А1 и В1, А1 Македонија за Одобренија: А2, А3, В2 и В3, а Македонски Телеком за одобренија: В2, А2 и/или А3. Во прилог на писмата за искажување интерес, заинтересираните страни доставиле и предлози и коментари по однос на јавната расправа https://aek.mk/wp-content/uploads/2021/07/20210708-Rezultati-od-javna-rasprava.pdf

-Имајќи ги во предвид Резултатите од јавната расправа по објавената Намера и пројавениот интерес за Одобренијата кои треба да се доделат, а во согласност со член 134 став (6) АЕК ќе објави јавен тендер со јавно наддавање, најавува АЕК.

Регулаторното тело на 1 јуни годинава објави намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно наддавање за издавање ограничен број одобренија за користење на радиофреквенции и отвори јавна расправа која траеше до 5-ти месецов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This