Дмитри Паје повторно настрада во меч од француското првенство, а голем инцидент се случи во Лион.
На дербито меѓу Лион и Олимпик Марсеј, ѕвездата на гостите доби удар со шише со вода фрлено од трибините во момент кога се обидуваше да изведе корнер.
Паје настрада и веднаш доби помош од лекарската екипа на гостите, а мечот е прекинат во седмата минута.
Истиот играч беше на мета и на навивачите на Ница во уште еден голем инцидент во француското првенство.
И тогаш дуелот Паје беше гаѓан од трибини со шишиња со вода, а инцидентот ескалираше со тепачка меѓу навивачите на Ница и играчите на Олимпик Марсеј, па мечот беше прекинат и се преигра во нов термин без публика.