April 28, 2024, 12:40 pm

60 отсто од починaтите од ковид во Словенија се од домовите за стари лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Словенија, според најновите официјални податоци, од почекот на епидемијата на коронавирусот како последици од компликациите кои ги предизвикува болеста Covid-19 досега починале 3.022 лица, а најмногу смртни случаи, близу 60 отсто, се регистрирани во домовите за стари лица и во возрасната група луѓе над 85 години старост.

Според податоците на словенечкиот Национален институт за јавно здравје (NIJZ), минатата 2020 година во Словенија е забележан 2.891 смртен случај кај лица заразени со новиот коронавирус, од кои во 1.682 случаи станувало збор за корисници на домовите за стари лица, кои сочинувале 58 отсто од вкупниот број починати од последиците на Covid-19, изјави на владината прес-конференција во понеделникот директорот на NIJZ, Милан Крек.

Зборувајќи за морталитетот и последиците од епидемијата врз популацијата, Крек укажа дека според високата старост на популацијата, Словенија би можела да се спореди со северна Италија, каде што процентот на починатите од старските домови во однос на вкупниот број починати од Covid-19, исто така, е висок, околу 39 отсто, иако е понизок отколку што тоа е случајот во Словенија.

Најмногу летални исходи поради Covid-19 во Словенија се забележани меѓу луѓето повозрасни од 85 години, но забележани се и смртни случаи и во возрасната група од 25 до 34 години. Крек го посочи и случајот од крајот на минатата година кога починала жена во 31-та седмица од бременоста, додавајќи дека лекарите успеале да го спасат новороденчето, но не и мајката.

Според прелиминарните податоци, во 2020 година во Словенија починале 3.135 лица повеќе отколку во претходната 2019 година, што делумно се припишува на Covid-19, но и на последиците од долгодишното пренебрегнување на потребните кадровски и сместувачки капацитети во домовите и недоволната грижа за постарата популација воопшто, наведе Крек.

Додаде дека Словенија има потреба од повеќе домови за стари лица кои треба да се градат според новите стандарди, но исто така и повеќе болници за палијативна нега за оние чиешто сместување во домовите, што се прави сега, повеќе нема смисла.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This